Дарко Лешоски е нов претседател на Струшките вечери на поезијата

0
766

Поетот Дарко Лешоски е нов претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата (СВП). Лешоски доаѓа на местото на поетот Славе Ѓорго Димоски, кој на оваа функција беше од 2008.

Автор е збирките поезија „Дете од лоша фамилија“, „…И тогаш Јаков му дари на Јосиф шарена облека“.

Назначувањето на поетот Дарко Лешоски за претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата предизвика нова лавина на реакции поради скромното искуство на младиот вевчанец како и неговите ставови кон самиот фестивал за кого на социјалните мрежи претходно пишувал дека не му е место.

Коментарите на социјалните мрежи се дека Лешоски е уште еден од учесниците на протестите на Шарената револуција кој доби функција во новата влада како дел од тимот за комуникации.

Струшките вечери на поезијата се еден од најафирмираните светски поетски фестивали со повеќе децениска традиција.

Без коментари