Дармштад испрати понуда за Николче Новески

0
218

Продолжува интересот од германските клубови, пред се од втората лига, за услугите Николче Новески. Новиот бундеслигаш Дармштад е загреан за ангажман на 36 годишниот Новески, најавувајќи активност во летниот преоден рок за доведување на македонскиот дефанзивец во своите редови. Дармштад е клуб кој е во блиски односи со Мајнц, поради што се верува дека Новески може да му помогне на тимот при настапите во елитното друштво во Германија следната сезона. „Билд„ пишува дека годишната плата на Новески ќе биде 400.000 евра ако се согласи да го облече дресот на Дармштад