Дарт Вејдер пиеше кафе на Широк Сокак

0
679
Новото поглавје од серијалот ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ: СИЛАТА СЕ БУДИ со премиера на 16 ти декември во 3D Кино Битола, полноќна премера со почеток од 23:59 часот.
 Новото продолжение, започнува 30 години по оригиналот, кога од урнатините на империјата се појавува Новиот Поредок и мистериозниот Кајло Рен.
Додека целиот свет со нетрпение ја чека премиерата на „Ѕвездени војни: силата се буди“ на 16 -ти декември, Дарт Вејдер пиеше кафе на Широк-сокак во нашата Битола. Главниот негативец од досегашните филмови од ултрапопуларната франшиза, прошета низ познатата битолска улица, се сретна со битолчани кои се фотографираа со него.

Се раширил муабет дека во Битола имало многу фанови на Војна на ѕвездите, па Дарт Ведер дојде  лично да се увери. Прошета, се подружи со Битолчани и се разбира не го пропушти ни прочуеното кафе на Широк Сокак.
Влезниците за филмот  се пуштени во продажба.