Давид Стојчевски умре гол во американски затвор, неговото семејство поднесе тужба

0
361

Околу 750 долари беше казната која Давид Стојчевски ја доби лани за сообраќаен прекршок во Детроит. 32-годишниот Стојчевски не можел да плати и добил казна затвор од 30 дена.

За само 17 дена Давид во затворот во Детроит губи 25 килограми од својата тежина. Како зависник од метадон, на рехабилитација од хероин, Давид брзо бил преместен во специјална затворска ќелија со 24-часовен надзор, како превенција од можни самоубиствени нагони. Според правилата, во таа ќелија тој е сосема гол.

На видеото се гледа дека Давид почнува чудно да се однесува, да халуцинира, да се тресе…и никој не реагира на тоа за да го преместат во т.н. детокс ќелија.

Семејството на Дејвид Стојчевски, македонски иселеници, инаку пекари по занимање, една година по смртта на Давид поднесе тужба против државата за неговата смрт. Тие тврдат дека надлежните затворски службеници не реагирале соодветно иако цело време гледале што му се случувало на Давид во ќелијата. Тој не ги добивал и неопходните лекови иако му биле препишани.

Дури откако семејството поднесе тужба, целиот случај излезе во јавноста заедно со видеото од тоа што му се случувало на Стојчевски во затворот. На снимката се гледа дека во еден момент Стојчевски на затворските чувари им вели дека чувствува дека сите органи му се извадени. Наместо да добие лекарска помош тој беше преместен во ќелија за самоубијци, тврдат во тужбата членови на неговото семсјтсво.

Недозволиво беше да се остави еден човек вака да пати, велат медицинските експерти.

mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY