Давиде Маса од Италија ќе го суди мечот на Вардар со кипарски АПОЕЛ

0
1524

Италијански судии ќе го водат реванш натпреварот од второто квалификациско коло за Лигата на Шампионите меѓу Вардар и АПОЕЛ од Никозија. За главен судија е назначен Давиде Маса додека негови помошници ќе му бидат Филипо Мели и Марко Барбирати. Четврти судија ќе бидеМасимилијано Ирати. Делегат од страна на УЕФА ќе биде Бјорн Васало од Малта додека контролор на средбата ќе биде Чехот Мирослав Либа.