Давор Чутура новото име во Еурофарм Работник

0
619

Давор Чутура е новото име во екипата на Еурофарм Работник. Тој потпиша договор со битолчани до крајот на сезоната со можност таа да биде продолжена и следната сезона, а денеска беше претставен на прес конференција.

sequence-01-still003

Битолчани добиваат големо засилување доколку Чутура успее дел од своето големо искуство да пренесе и на македонските терени. Се работи за играч кој минативе девет години играше во Шпанија, во екипите на Гранољерс, Ваљадолид и потоа во португалската Бенфика.

sequence-01-still004

Станува збор за централен бек кој има полни 36 години, порано имаше и репрезентативен статус и би требало да придонесе за Еурофарм да ги исполни своите цели, а тие сезонава со секое ново име стануваат сè поголеми.

Тој своето ’огнено крштевање’ во дресот на новиот клуб ќе го има против Пелистер во мечот во кој Еурофарм Работник е домаќин во вторник во Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY