ДАВОС: Поевтинувањето на нафтата може да е корисно за светската економиј

0
325

Падот на цените на нафтата ќе и помогне на економијата на долг рок. Тоа го изјавија лидерите на две од најголемите американски банки “Џеј Пи Морган” и “Голдман Сакс”, во рамките на Светскиот економски форум кој се одржува во Давос.

Извршниот директор на “Џеј Пи Морган” Џејми Диман рече дека се надева оти падот на цените на акциите од почетокот на 2016г. ќе се “брзо ажурирање”, кое нема да се претвори во голем глобален колапс.

“Треба да ги одвоиме флуктуациите на пазарот од економијата”, рече Диман во интервју за американската телевизија CNBC од швајцарското одморалиште Давос.

Неговото мислење беше поддржано и од јавниот финансиски аналитичар на “Голдман Сакс” Харви Шварц, кој изјави дека нафтениот пад нема да стане “вистински проблем за долгорочната економска активност”.

“Степенот до кој пазарот е фокусиран во енергетските проблеми, помогна за долгорочен пад на цените низ целиот свет”, изјави тој пред конференција на аналитичарите во рамките на форумот.

Денес европските и американските берзи регистрираа падови во основните индекси меѓу 2,5% и 4%, што е продолжение на тренд од почетокот на годината. Тој е предизвикан од забавувањето на растот на кинеската економија и глобалниот пад на цените на нафтата.