Давутоглу ја издал наредбата врз основа на која е соборен рускиот воен авион

0
516

Поранешниот турски премиер Ахмет Давутоглу, во интервју за телевизијата NTV, изјави дека како премиер на владата издал општа наредба врз основа на која на 24 ноември постапила турската авијација и го соборила рускиот Su-24.
„Според правилата на нашата држава, токму премиерот во пишаната директива до Генералштабот ги одредува правилата за стапување во конфликт. Јас ја издадов наредбата на 10 октомври“,наведува „Хуриет дејли њуз“, пренесува Спутник.

Заменик претседателот на турската владејачка Партија на правдата и развојот, пратеникот Јасин Актај, пред неколку дена за Спутник изјави дека турскиот пилот лани во ноември сам одлучил да го собори рускиот авион, кој веќе го напуштил воздушниот простор на Турција, а кој претходно го нарушил.

Неодамна беше објавено дека во Турција се уапсени двајцата пилоти што го соборија рускиот воен авион. Тие се притворени по обидот за воен преврат во државата.

Во јуни турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган упати писмо со извинување до рускиот претседател Владимир Путин заради загинувањето на рускиот пилот. /крај/бл/ст