Дебакл на Македонија, нема да одиме во Рио

0
329

Македонската ракометна репрезентација одигра катастрофален меч, загуби од Тунис со 32:26 и не успеа да ја оствари целта, да се пласира на Олимписките игри, сценарио во кое никој не сакаше ниту да помисли.

Македонија потфрли кога најмногу требаше, притисокот им ги врза рацете на ракометарите, одиграа далеку под своите можности и не успеаа да дојдат до толку посакуваниот историски успех, пласман на Олимпијада.

Уште од самиот старт натпреварот тргна катастрофално за Македонија, Тунис направи убедлива предност и на одморот се отиде со 17:10 за нив.

Одбраната на Македонија изгледаше очајно, голманите не одбранија речиси ништо, нападот не функционираше, се правеа многу технички грешки.

Во второто полувреме бевме подобри, но ниту еднаш не го загрозивме водството на Тунижаните кои благодарение на нашата лоша игра лесно го приведоа натпреварот до крај за конечни 32:26.