Дебакл на партијата на германската канцеларка на изборите!

0
371

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел изгубија во две од три покраини на изборите за парламентот.

Успехот го забележила противмигрантската партија на Алтернатива на Германија (АФД) која успеала да влезе во сите три парламенти, покажуваат првите излезни анкети.

Партијата на канцеларката Меркел изгубила во покраинскиот парламент Баден Виртемберг и Рајна Палатинат (Rheinland-Pflaz), според излезните анкети. Аналитичарите толкуваат дека германските бирали ја казниле канцеларката поради нејзината политика на отворени врати кон беглаците кои во Германија во 2015 влегле повеќе од милион на број.

На покраинските избори за парламент Саксонија-Анхалт во поранешна источна Германија каде Христијанско демократската унија и понатаму е најголема партија, АФД освоил 21,5 посто гласови, според излезните анкети. Исто така според излезните анкети АСД во Баден Вуертемберг и Поранју Фалачко освоии 12,5 односно 10 посто од гласовите.

Тие резултати значат дека партијата на крајната десница сега е застапена во половина од 16 германски сојузни покраини со што остварува добра стартна позиција за сојузните избори во 2017.