Дебата со уметникот Редас Диржис во мобилната галерија

0
206

Став е проект кој оваа година се одржа по 7- ми пат како продолжение на претходните меѓународни проекти на Елементи.
Оваа година проектот се реализира под името СТАВ 2015 , составен од два дела, од кои првиот се одржа на 21-ви август во малата сала на Центарот за култура во Битола, а вториот се одржа во мобилната галерија. Првиот дел на прокетот се реализираше како реакција на постоечкиот систем на вредности, чија основа беше објавената книга на Билјана Исијанин со наслов Субверзивните уметнички дејствувања-од Ulay до Banksy.
Едно од прашањата кои Исијанин ги поставува во книгата, е дали уметноста може да се разгледува како место од каде може да започне промена во општествениот живот во кој доминира концентрацијата на моќ.
Во мобилната галерија се одржа дискусија што ја водеше литванскиот уметник Редас Диржис. Дискусијата беше на тема “Улогата на уметникот, културниот и физичкиот работник во време на револуција” и ги постави прашањата, кои се анализирани во книгата на Билјана Исијанин, која го истражува клучното прашање што се наметнува во современото општество во сферата на културата и уметноста.
Диржис е еден од најконтроверзните уметници во Литванија, кој истовремено е директор на уметничко училиште во Алитус. Овој автор беше два пати гостин во Битола, како дел од проектите на Елементи (во 2000 и 2002 година) кога заедно со чешкиот уметник Мартин Зет, реализираа повеќе ненајавени и автентични акции произлезени од моменталното случување во земјата.
Тој ги критикува постоечките општествени стандарди, правилата на уметничкиот пазар, деконструирајќи ја моќта на механизмите на капиталистичките центри на моќ. Поголемиот дел од неговата работа се концентрира на критика на концептот на илузијата на слободата и официјалната култура.
Овој настан беше во рамките на проектот -Шо ми прајте бе во дворо? , серија од настани во мобилната, монтажната галерија.

Без коментари

LEAVE A REPLY