Дебата за Каменоломот над Битола

0
1076

Граѓаните синоќа дебатираа со концесионерот на каменоломот, изработувачите на проектот за експлоатација , како и со директорот на Геолошкиот завод на Р.Македонија за Каменоломот над Битола. На трибината експертите ја образложија постапката за добивање концесија, притоа укажувајќи дека за да се добие една ваква дозвола сите мислења мора да бидат позитивни. А во овој случај мислењата од сите министерства биле позитивни.

tribina 3

– Во делот на истражувањата исто така се запазени сите законски одредби, процедури, правила на истражување, дефинирање на квалитет и квантитет на минерални суровини. Во фазата на експлоатација по регулирање на концесијата е изготвена комплет техничка документација која што го дефинира следниот процес на експлоатација, како и делот загадување и заштита на животна средина. Сите овие работи изготвени се на база на посебна техничка документација, регулирани се соодветни дозволи и согласности, така што целата материја е комплетно опфатена и регулирана со закон, изјави Костадин Јованов директорот на Геолошкиот завод на РМакедонија

Според проектант на главниот рударски проект за експлоатација на гранит во месноста Билбил камен рудникот не можел да предизвика поголеми еколошки влијанија.

-Се работи за рудник, површински коп со многу мали димензии и со многу мал капацитет на производство, така што овој објект не може да предизвика поголеми еколошки влијанија затоа што се работи за каменолом кој ќе работи во летниот период кога струењата на воздухот се поволни. Прашината која што може да се емитува од движењето на возилата ќе се спречува со прскање од цистерна со вода и исто така дробиличната постројка која е исто така еден од најголемните предизвикувачи на прашина исто така ќе се оросува материјалот и ќе се третира со вода да не дојде до разнесување на прашината. Во програмата за заштита за животна средина и елаборатот е одобрен од Министерството за заштита на животна средина, добиено е позитивно мислење од министерство, во спротивно не би имало дозвола за експлоатација, изјави Александар Пановски, дипломиран рударски инженер, изработувач на главниот проект за екплоатација на гранит во месноста Билбил камен.

tribina 4

На прашањето колку во рудата има силициум и колку тој е опасен за околината стручните лица со одговор

– Силициумот кој што е присутрен во гранитот е штетен по здравјето меѓутоа тие концентрации кои што се емитуваат се многу мали, бидејќи силициумот е суровина која не може да се пренесува со воздушните струења заради нејзината тежина, додаде Пановски

Од здружението „За нас се работи“ реагираа дека претставникот на општината не присуствувал на трибината.

„Се надевавме на присуството на лице од општината кое ни беше највено, меѓутоа вчера тоа лице ни се јави и ни кажа дека има забрана, односно дека нема да присуствува на трибината. Штета што општината продолжува и натаму да биде нетранспарентна . Доаѓаат експерти од Скопје , штета е лицето кое треба да се грижи за општината да не дојде“, изјави Душко Груевски од Здружението „За нас се работи“.

Трибината ја организираше „Здружението за нас се работи“ а е дел од Проектот “Граѓанска вклученост во решавањето на проблемите во животната средина” поддржан од УСАИД,а го спроведува Фондацијата Отворено Општество – Македонија