Дебатен форум на јога друштвото Битола

0
296

Во организација на Јога Сојузот на Македонија и Јога Друштво Битола, во центарот за култура , се одржа отворен дебатен форум на тема: Менталното здравје од егзистенцијален и спиритуален аспект.

Учесници на форумот беа Павлос К. Хасанагас , д-р Јохан Ѓорѓиоски, др Благоја Ѓоргиески а како модератор на форумот -Александра Адамовска Митковска.

– Не учиме само како да медитираме, туку и како да се справиме со она што ни се случува во животот. Ова е нов модел, модел на новото време што треба да одговори и на другите сфери на животот на човекот кои не се спиритуални.”- е мотото под кое се одржуваат часовите по јога.

Joga_-_1.jpg

Битола е еден од десетината градови во Македонија кои работат по системот на учителот Павлос Хасанагас.

Практичните курсеви се основната активност на друштвата која наставните тимови со голем ентузијазам ја одржувале во континуитет и во најтешките мигови во нашата земја.

Joga_-_2.jpg

Сојузот организира и меѓународни семинари, јавни предавања, и трибини за јога и сродните области. Иницира и спроведува научни истражувања за јогата во релација со медицината и психологијата.