Дебели се петтина од Македонците

0
321

Лошата исхрана и слабата физичка активност се најголемите виновници за епидемијата на зголемена телесна тежина и дебелина во светот. Проблемите со вишокот килогрaми и дебелината не ги одминува граѓаните и, како што заклучуваат лекарите од Институт за јавно здравје , се сè повеќе присутни.
Податоците на Институтот покажуваат дека подебели се мажите од жените .

Од ИЈЗ велат дека споредбените податоци од спроведувањето на Иницијативата на Светска здравствена организација – СЗО за следење на дебелината кај децата во Европа, покажуваат дека во Македонија расте бројот на деца со зголемена телесна тежина. Имено, процентот на машки деца со вишок килограми од 2010 до 2016 година пораснал и кај момчинњата и кај девојчињата.

Од ИЗЈ објаснуваат дека начинот на снабдување со храна драматично е изменет во последните неколку децении. Од 70‐тите години на минатиот век, па се до денес, има се поголем избор на она што се нуди како храна. Најмногу од се е зголемен изборот на додадени масти и масла, жита, млеко и млечни производи и концентрирани шеќери. Исто така, зголемена е и големината на порциите кои ги јадат граѓаните. Истражувањата покажале дека кога се служат поголеми порции луѓето јадат повеќе храна.

Во исто време докажано е дека луѓето кои живеат во околина на ресторани со брза храна имаат повисок индекс на телесна маса. Зголемен е односот на калории кои се добиваат од храна која се јаде надвор од дома, во однос на онаа која се подготвува и јаде во домашни услови.

Лекарите велат дека многумина од граѓаните имаат информации и за здравата храна и за потребата од физичка активност, но не ги применуваат препораките и советуваат дека контролирањето на внесот на калории преку храна и пијалаци е клучно за постигнувањето на калориска рамнотежа. Во исто време, внесените калории мора да се еднакви со оние кои телото ќе ги потроши за да се оддржи иста телесна тежина.