Деблокирана сметката на Макпетрол

0
229

Скопското Јавно обвинителство дошло до дополнителни докази од компанијата „Макпетрол“ од кои се утврдило дека постои потреба за ослободување на сметките на фирмата која беше блокирана во петокот со соодветно решение.

До деблокада на сметките на „Макпетрол“, според Јавното обвинителство, дошло поради потребата за непречено работење на оваа компанија која има преземени обврски за снабдување со енергенси на други субјекти, но и поради тоа што во трети правни лица „Макпетрол“ се јавува како единствен содружник и извор на финансиски средства за нивното работење.

„Ја уваживме жалбата во жалбената постапка што се води пред Основниот суд Скопје 1 – Скопје, а по повод жалбата од правните лица ’Макпетрол’ и ’Оилко КДА’, против донесеното решение за обезбедување на имотот и за привремено запирање на извршување определени финансиски трансакции“, се вели во официјалното соопштение на Јавното обвинителство кое дополнителните докази ги обезбедило во понеделникот.