Дефиле на детски маски на прилепскиот карневал „Прочка 2016“

0
1755

Со дефилето на повеќе од 300 учесници во групни маски, од ученици од прилепските училишта и градинки, до 12 годишна возраст и жонглери, акробати и кловнови, во саботата на плоштадот „Методија Андонов-Ченто“, во центарот на градот се одржа детскиот карневал, како претходница на денешното издание на 15-то јубилејно издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2016“.

DSCN9307 Markukule.mk

DSCN9300 Markukule.mk

Денеска во Прилеп ќе продефилираат повеќе од 2.000 маскирани луѓе, од земјава и странство, со групни и поединечни маски.

DSCN9243 Markukule.mk

DSCN9238 Markukule.mk

Хотелските капацитетите веќе се преполни. Денешниот карневалски ден започнува во 13 часот, а дефилето на маските ќе започне од плоштадот „Методија Андонов Ченто“. Карневалот „Прочка 2016“, ќе го отвори традиционалната прилепска маска „Прилепски мечкари“./крај/со/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY