Дефиле на матурантите од Ресен

0
1353

Ни врнежливото време, не го спречи матурското дефиле кое се одржа во Ресен и на кое продефилираа 108 матуранти од СОУ.Цар Самоил. Манифестацијата која прерасна во
традиција во Ресен и чија организација е на Општина Ресен и СОУ. Цар Самоил, беше збогатена и со звуците на класичната музика во изведба на гудачкиот квартет Вива
Стрингс. Во своето обраќање кон матурантите Градоначалникот на Општина Ресен д-р
Ѓоко Стрезовски истакна : – Денес го имате големото задоволство да бидете ексклузивен дел од ова матурско дефиле. А, од утре, ќе бидете дел од големото семејство на возрасните.
Завршува еден значаен, но многу побезгрижен дел од вашиот живот, а испитот на зрелоста ќе значи отворање на нова страница во вашите животи. Ќе значи влегување во период кога и
вашата одговорност кон себе, кон семејството и кон заедницата ќе добијат друга, многу посуштинска димензија. Од градскиот плоштад матурантите ја продолжија својата забава во
ресторанот Две Лири во Ресен.