Дегустација на здрава храна за патронот на Медицинско

0
436

Денеска битолчани имаа можност да дегустираат здрава храна подготвена од учениците и наставниците од фармацевтскиот смер на Медицинското училиште во Битола . Здравата, природна и урамнотежена исхрана е услов за добро здравје и виталност, вели директорката .

jasmina direktor
– Начинот на исхрана одамна е призната и позната превентива на многу заболувања. А превентивата, пак, на пиедесталот,се разбира – на медицината.Подобро да се спречи, отколку да се лечи, вели нашиот народ, изјави Јасмина Никич директор на ОСМУ Јован Калаузи
Дегустацијата се одржа во кафе барот Инстинкт поради како што рече директорката големата раздвиженост на луѓе коо покрај што же го испиеле кафето ќе можеле да ја дегустираат храната.

hrana 2

Овој настан Медицинското училиште во Битола го организираше по повод патрониот празник.