Дејан Штаргоски-100.000-тиот гледач во 3Д киното во Битола

0
419

Националната установа Центар за култура во Битола, во чии рамки од работи „3-Д“ кино, приреди изненадување за публиката и го промовираше 100.000-от посетител.

Билетот на 100.000-от посетител беше во рацете на Дејан Штаргоски кој со своите пријатели го следеше филмот „Војна на ѕвездите“.

За 100.000-от посетител, НУ Центар за култура-Битола на Штаргоски му додели траен-доживотен билет за бесплатно гледање на сите филмови во „3-Д“ кино.

– Се надевам дека што поскоро ќе го имаме и 200.000-от гледач, затоа што секоја година бројот на посетители се зголемува благодарение на одличната филмска понуда, истакна Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура-Битола кој воедно му ја врачи наградата на 100.000-от посетител.

3Д киното во Битола постои од 2013 -тата година.

 

 

 

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY