Дејвид Боуви почина на 69-годишна возраст

0
481

Дејвид Боуви легендарниот пејач, текстописец, актер и уметник, почина по 18-месечната борба со ракот. Боуви имаше 69 години.

На страницата на Фејсбук беше објавена тажната вест, а претставниците на музичарот ја потврдија оваа информација за магазинот Ролингстоун. „Дејвид Боуви денес почина мирно, опкружен со своето семејство, по 18-месечна битка со ракот“, се вели во соопштението.

„И додека многумина од вас ќе се сеќаваат на него, ве молиме да ја почитувате приватноста на неговото семејство во овој период на тага“, продолжува изјавата.

Боуви ќе започне да се занимава со фолк-рок, потоа ќе стане андроген уметник, портокалово фарбан, глам-рок вонземјанин – Зиги Стардаст, потоа синоок фанк маестро, арт рокер (албумите снимени во Берлин), потоа ќе прерасне во њувејв хит мејкер, хардрокер, потоа техно ентузијаст и џез импресионист.

Едни од најголемите негови хитови што владееја на топ-листите насекаде низ светот се:

„Space Oddity“, „Changes“, „Fame“, „Heroes“, „Let’s Dance“ and „Where Are We Now?“, како и многу други композиции.

www.mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY