Дел арте на меѓународен фестивал во Хрватска

0
178

Oваа година се одржа 17 -тото издание на меѓународниот фестивал на детски театар Маслачак во Сисак- Хрватска.
Основна цел на фестивалот е преку претставите за деца и млади, дa се продолжи со долгогодишната традиција на негување на творештвото посветено на децата на овие простори.

Во недела дена, колку што траеше фестивалот, низ истиот поминаа неколку илјади деца,актери и режисери,кои покрај актерството,танцот,забавата и работилниците,го живееа заедно театарскиот сон.Помеѓу земјите учеснички и Македонија односно театарското здружение Дел арте од Битола.

Тие во Сисак ја изведоа претставата-Сказна за принцот Пелистер и истакнаа дека јазичната бариера успешно ја поминаа а децата боче воодушевени од претставата.

Del_Arte_-_3.jpg

И оваа година покрај дружењето, учесниците на фестивалот го запознаа градот Сисак,културата и традицијата на истиот.

Фестивалот се затвори со традиционалното цветно корзо на улиците на Сисак.

Во меѓувреме Дел арте ја подготвуваат претставата Голи митови чија изведба ќе биде на 27ми и 28 ми мај во Центарот за култура.