Дела на ликовниот уметник Љубица Мешкова Солак во излози на модниот бренд Хакет

0
929

Ликовниот уметник Љубица Мешкова- Солак, воедно и претседател на друштвото на ликовните уметници на Битола, по втор пат има можност да ја презентира својата уметност пред публиката во Обединетите Арапски Емирати.
По успешната соработка со познатиот бренд „Хакет” што благодарение на стилистката и моден дизајнер Виолета Силјаноски беше реализирана минатото лето, овој пат Солак повторно ја има честа нејзини дела да бидат изложени во излозите на лондонскиот бренд во Дубаи, Кувајт и Абу Даби.11954831_10206855445718717_4936561539911622904_n
Делата од циклусот Me&you се изработени во 2015 година специјално за новата колекција на „Хакет” по конкретни инструкции, а во соработка со Силјаноски.
Инаку, Солак пред неколку денови, беше избрана за официјален претставник на Македонија за фестивалот Femin Art кој веќе 15 години традиционално се одржува во Турција.
– Во рамките на овој настан 15 до 20 уметници од целиот свет работат на декорирање и уредување со хуманитарна цел, а покрај тоа се разменуваат и искуства”, истакна Солак која која ја доби почесната титула, „официјален член”.
Како што најави Солак, до крајот на годината следуваат три групни изложби на Друштвото на ликовни уметници од Битола, каде таа е прва жена претседател.