Делата на уметниците од ликовната Кичевска колонија пред битолската публика

0
303

Интернационалната Кичевска колонија е добро етаблиран организиран настан на културна размена и уметничко творење кој се одржува во континуитет од 1994 год па се до денес. Оваа година беше одржана 22-та по ред ликовна колонија, а истата беше презентирана и во Центарот за култура Битола.

И оваа година се видоа различни светови и индивидуални пристапи при утврдување на ликовните обрасци.

Секој од уметниците преку изборот на својот личен ликовен говор, се обидуваше да воспостави една нова врска помеѓу духот и сопственото време. Да ја открие на публиката вистината и онаа страна помалку позната, комуникацијата или една нова визуелна размена на мислења.

Времето што застанало на платната на уметниците не е само време на уметникот туку и на публиката.

За потребите на колонијата е изграден објект “ Куќа на уметноста “во близина на с.Кнежино на 6 км од Кичево . Лоцирана на атрактивна и испирирачка локација . “Куќата не уметноста “ вообичаено прифаќа по 30-тина уметници секоја година од земји ширум светот.

Оваа година колонијата се отвори на 4-ти Јули и траеше до 18-ти, со присуство на уметници од Казахстан, Турција , Малезија , С.Кипар, Бугарија , Србија ,Албанија , Црна Гора, Косово и Македонија .

Интернационалната кичевска ликовна колонија, поседува богата колекција од над 2000 ликовни дела ,слики и скулптури од познати автори од целиот свет и од земјава, кои се добиени како резултат на долгиот период на успешно работење.