Делегација на АРМ на конференција во Гармиш

0
314

Делегација на Армијата на Република Македонија предводена од Началникот на ГШ на АРМ, генерал потполковник Методија Величковски учествува на конференција на земјите партнери на националната гарда на САД,  кој се одржува во Гармиш, Сојузна Република Германија.
Учеството на македонската висока воена делегација на конференцијата која е во организација на Европската команда на вооружените сили на САД (ЕУКОМ), е од особено значење за АРМ поради можноста за размена на информации од значење за безбедноста и подобрување на меѓусебната воена соработка во справувањето со актуелните безбедносни ризици.

На конференцијата учествуваат претставници од армиите на земјите членки на програмата за партнерство со националната гарда на САД , меѓу кои и началници на генералштабови и други високи воени раководители.

Фокусот на конференцијата е насочен кон меѓусебните констелации на партнерските земји на националната гарда во период после одржаниот  варшавски самит на НАТО, како и разгледување на облиците и начините на понатамошната воена соработка.

Генералот Величковски  за време на одржувањето на конференцијата оствари средби со високи воени претставници од ЕУКОМ, националната гарда на САД и од армиите учеснички на конференцијата, на кои првенствено се разговараше за понатамошно унапредување на меѓусебната воена соработката.