Делегација на Грчката православна црква на прием кај Митрополитот Петар

0
1203

Во посета на Светата Митрополија на Преспанско-пелагониската епархија во Битола, пристигна делегација од Грчката Православна Црква, предводена од Митрополитот на Дидимотихо, Орестиада и Суфли, Неговото Високопреосвештенство г. Дамаскин, во придружба на свештеници, свештеномонаси и верен народ од својата Епархија. 

IMG_1530-444x296

Почесната делегација се упатила на поклоничко патување и разгледување на светите места низ Македонија, и изрази желба да ја посетат Светата Митрополија и да се сретнат со Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, после што остварија срдечна средба и разменија Пасхални поздрави и подароци.

IMG_1539-444x296

Вака соопштија од преспанско-пелагониската епархија на нивната интернет страница.

IMG_1544-444x296

IMG_1561-444x296