Делегација на Нова Градишка во посета на Битола

0
302

По повод осумгодишнината од загинувањето на нашата и балканска музичка ѕвезда, Тоше Проески, во Македонија пристигна делегација од Хрватска, предводена од заменик-градоначалникот на Нова Градишка, Лилјана Лукачевиќ а воедно се одигра и меморијален ракометен натпревар меѓу екипите на ракометните ветерани на Македонија и од Нова Градишка, Хрватска.
Делегацијата во Македонија имаше можност да посети неколку места меѓу кои и Крушево, родното место на Тоше.
Спортските активности во спомен на Проески, започнаа пред 5 години од 2011 година, а сега за првпат се одржуваат во Македонија.
Во делегацијата беше присутна и директорката на туристичката заедница од Нова Градишка -Динка Матијевиќ.
На овој начин преку оваа соработка која трае веќе 8 години, се оддава почит на ликот и делото на Проески и се продолжува градењето на мостови помеѓу двете држави , мостови на пријателство и соработка.