Делегација на Собранието на Молитвен појадок во Вашингтон

0
374

Собраниска делегација, предводена од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, на покана на американски конгресмени престојува во Вашингтон, каде што ќе учествува на 64. Молитвен појадок, традиционален, национален американски собир.

Во состав на Делегацијата се потпретседателот на Собранието, Рената Десковска и пратениците Павле Саздов и Нора Алити.

Секоја година претседателот на Соединетите Американски Држави и членовите на Конгресот, заедно со други високи функционери, како и дипломати и пријатели од повеќе од 140 земји од светот, се собираат на заеднички појадок да се заблагодарат за заемното пријателство и благосостојба.

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во текот на својот престој во Вашингтон ќе учествува на неколку настани поврзани со Појадокот, а ќе оствари и средби со повеќе конгресмени, сенатори, како и со претставници на меѓународни организации и фондации. /крај/мф