Деломирана канцеларијата на Иванов во центарот на Скопје

0
1186

Протестите пред Собранието и оние пред штабот на СДСМ завршија. Двајца новинари се повредени, повеќемина демонстранти се приведени.

Cf8LmsrW4AAZlo11

Во центарот на Скопје, пред канцеларијата на претседателот на државата и пред Министерството за правда беше најжестоко. Канцеларијата на претседателот е сосема уништена, а испокршени се и стаклата од приземјето на Министесртвото за правда.

Cf8NVOQWwAAgo1W1

Демонстранти кои од пред Собранието се обидуваа да го продолжат протестот кон штабот на ВМРО-ДПМНЕ, откако ја демолираа Канцеларијата на претседателот Иванов во центарот на Скопје, продолжија кон Министерството за правда.

Cf8MOrCW4AEEVDj1

Таму се обидоа исто така да ги искршат прозорците, но беа спречени од полицијата која ја растури толпата.

Cf8YEO0WEAAE5hS1

Полицијата удираше и по демонстрантите, а повреден е и еден новинар. Претходно пред Собранието демонстранти се обидуваа да го пробијат полицискиот кордон и тие фрлаат лименки, петарди, вода и пластични шишиња кон полицијата.

Cf8Xfa_W4AA6VFz1