Демант на РК Пелистер

0
727

По изјавите од говорницата во Советот на општина Битола дека комплетната управа на РК Пелистер си поднела оставки, Управата на РК Пелистер, излезе со демант на кажаното во кое се вели:

„Почитувани битолчани, љубители на ракометот, симпатизери на РК Пелистер – Битола, Управниот одбор на РК Пелистер, заедно со стручниот штаб ги демантира сите невистини, лаги кои денеска на седницата на Советот на Општина Битола ги кажа Борче Корлевски во врска со поднесени оставки од страна на сите членови на одборот на директори во спортското друштво.

Со промената на новата локална самоуправа ние како Управен одбор на РК Пелистер, изјавивме дека, стоиме на располагање и дека сме подготвени за продолжување на професионалното работење, а не дека комплетно како Управен одбор си поднесуваме оставки. Ние како и претходно така и сега сме концентрирани на работата на РК Пелистер.

Функционирањето на РК Пелистер е поважно од сите претходни, сегашни и идни управи и затоа во овие мигови кога РК Пелистер е во нагорна линија потребни се сите кои сакаат да помогнат“ стои меѓу другото во нивниот демант.