Демир Хисар доби нов општински грб и знаме

0
898

Денес, на денот на ослободувањето на Демир Хисар и 70-годишнината од основањето на Општина Демир Хисар, беа промовирани новиот грб и знамето на општината. Пред зградата на општината на јарболот се развеа новото знаме, а претходно свечено беше откриена и новата натписна табла со изменетиот грб на Општина Демир Хисар.

-Општина Демир Хисар е една од ретките во Република Македонија која што пристапи кон изменување на постојниот грб како и ново општинско знаме кои што се напрвени според сите меѓународни хералдички и вексилолошки правила и стандарди. Посебно сум задоволен што ликовно – графичките решенија се избрани со едногласна одлука на сите 5 членови на комисијата во која што членуваа историчари, ликовен педагог, претставник на Советот како и претставник на Македонското хералдичко друштво, рече градоначалникот на Општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски.blazevski

Според градоначалникот, новиот грб и знаме се симбол на се она што претставува оваа општина.

-Кубурот, културно-појасно огнострелно оружје на македонските комити, бајонетот – македонското ножободие и текстот на евангелиската новозаветна вест, продолуваат да бидат нашиот најпрепознатлив симбол на брсјачко-мијачката непокорност. А железничките крепости и непресушните еригонови црноречни врутоци засведочени на новото демирхисарско знаме ќе продолжат да бликаат од сите страни, рече Блажевски.

Автор на новите симболи на Општина Демир Хисар е македонскиот хералдичар и вексилолог, Стојанче Величковски, кој е и коавтор на грбот на Претседателот на Македонија.

Без коментари

LEAVE A REPLY