Демократите го окупираа Конгресот поради оружјето

0
226

Група американски пратеници од Демократската партија во средата седнаа на подот од американскиот Конгрес барајќи носење построг закон за оружјето.

Конгресменот Џон Луис изјави дека неколку десетици пратеници ќе окупираат Конгресот, додека неговиот претседател Пол Рајан не го стави на дневен ред законот со кој на луѓето на терористичката листа ќе им оневозможи купување оружје.

„Колку уште мајки и татковци треба да пролеат солзи пред нешто да преземеме?: Избрани сме да ја водиме оваа земја. Тука сме да повикаме на итна акција, не следниот месец, не следната година, туку веднаш“, изјави Луис.

Пратениците испоседнаа на подот од пред подиумот на претседавачот, непосредно пред почетокот седницата којашто овој ја прекина бидејќи „не постојат услови за работа“.

Акцијата на демократите се случи во периодот на зајакнатите барања за носење построг закон за оружјето, а по масовното убиство во геј клубот во Орландо во кој напаѓач лојален на Исламската држава уби 49 луѓе.

Во Сенатот во понеделникот не минаа четирите предлози, ниту на републиканците, ниту на демократите, меѓу кои и законот со кој на лицата осомничени за тероризам да им се забрани купување оружје./крај/мф/сн