Демонстранти ја запалија зградата на Врховниот суд во Каракас

0
261

Демонстранти фрлаа „Молотови коктели“ кон влезот на зградата на Врховниот суд во главниот град на Венецуела.

Според некои западни медиуми, напад бил извршен и врз филијала на една од банките, која се наоѓа на првиот кат од зградата.

Безбедносните сили успеале да ги растераат демонстрантите со солзавец, а пожарникарските екипи го изгаснале огнот.

Врховниот суд стана еден од главните инструменти на венецуелскиот претседател Николас Мадуро во борбата против опозицијата, која има мнозинство во Парламентот по изборите во декември 2015 година. Судот често пати ги поништувал одлуките на Парламентот, вклучувајќи и за смена на шефот на државата.

Досега во антивладините протести во Венецуела, кои почнаа во април, според различни оценки, загинале од 67 до 80 лица, повредени се над 1.300, а повеќе од 3.000 се уапсени.