Демонстрантите ќе останат пред Собрание се дур во него има пратеници

0
1631

Некој се обидува да направи државен удар во Собрание, народот тоа нема да го дозволи, рече Богдан Илиески од иницијативата „За заедничка Македонија“, кои 60 дена протестираат против таканаречената Тиранска платформа. Додека во Собранието има тензична атмосфера, демонстрантите пред Собранието и организаторите на протестот велат дека нема да си одат од пред зградата на Парламентот, се додека во него се пратениците.

„Тука сме 60 дена да ги трпиме измамниците. Едно велат пред избори, друго по нив“, рече Борис Дамовски, еден од организаторите на протестот.

Демонстрантите скандираа избори, а организаторите повторија дека изборите се излез од кризата.