Демонстрантите спречени да се приближат до штабот на ВМРО-ДПМНЕ

0
728

Демонстрантите се упатија кон централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, каде има силно полициско обезбедување.

Граѓаните беа спречени во намерата да се доближат до зградата на главниот штаб на владејачката партија.  Засега не се знае до кога ќе трае протестот, но според информациите од социјалните мрежи, демонстрантите ќе продолжат кон резиденцијата на претседателот Иванов на Водно.

12991831_10153661788597499_160194508_o

фото: Плус инфо

Протестот почна околу 18 часот, кога граѓаните се собраа пред зградата на СЈО во знак на поддршка на обвинителството, а потоа продолжија кон народната канцеларија на Иванов револтирани од неговата одлука за аболиција.