Демонстрантите во Битола се обидоа да го пробијат полицискиот кордон

0
1702

Кон крајот на денешниот протест пред зградата на Општина Битола, демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон. Ги соопштија уште еднаш нивните барања. Бараат оставка од градоначалникот на Битола Владимир Талески, оставка од претседателот на државата Иванов, Специјалното јавно обвинителство да си ја работи работата и како што рекоа сите криминалци да се затворат. За утре најавија нов протест од 19 часот.

Sequence 01.Still004

Sequence 01.Still005

Sequence 01.Still006

Sequence 01.Still007

Sequence 01.Still008

Sequence 01.Still009

Sequence 01.Still010

 

Без коментари

LEAVE A REPLY