Демонстрантите запрени од полициски хермелини и специјалци

0
1240

На илјадници демонстрантите организирани од граѓанската платформа „Ајде“ на кои им се приклучија и припадниците и симпатизери на опозиционата СДСМ, полицијата не им дозволува да стигнат до Уставниот суд.

protest15

Тие го поминаа мостот „Гоце Делчев“ и беа спречени од оклопни полициски возила и специјални полициски сили да не го продолжат патот кон платот пред Уставниот суд каде беше најавен нивниот протест.

03-protesti-pred-sud

Уставниот суд мора да го штити Уставот и законите на РМ, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешниот протест против можноста претседателот на државата да помилува учесници во изборен криминал.

04-protesti-pred-sud

Организаторите на протестот ги повикуваат контра-демонстрантите да се повлечат од пред платото на Уставниот суд, бидејќи нивниот протест бил уредно најавен и дека нивното однесување е незаконско.

Milcin1

Демонстрантите бараат оставка од петте судии кои утре би дале конечна одлука во однос на можноста за амнестија на педофилија и изборен криминал.