Ден на жалост во Италија

0
218

Три дена по тешкиот земјотрес кој ја погоди Италија, во Асколи Пичено ќе се одржи комеморација за жртвите. Меѓу присутните ќе бидат и претседателот на државата Серџо Матарела и премиерот Матео Ренци. Сите знамиња на јавните објекти во земјата се на половина копје.

Во земјотресот загинаа повеќе од 280 луѓе, од кои најмалку 220 во местото Аматриче. Во ова место ќе има посебна комеморација во вторник, на која исто така е најавено присуство на премиерот Ренци. Комеморацијата најверојатно ќе се одржи под отворено небо, со оглед на тоа што во Аматриче веќе нема ниту една црква. Градоначалникот на Аматриче Серџо Пироци изјави дека и покрај тоа што нема црква, загинатите имаат право да бидат закопани во својата општина. Тој е уверен дека местото повторно ќе се изгради.