Ден пред фестивалот

0
485

Уште еден ден до свеченото отварање на 37 то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Содржинскиот дел и делот за сместување на гостите бил подготвен, денеска се започна со подготовка на техничкиот дел. Пристигна и оскаровецот Џон Сил во Битола, австралсикиот и светски познат кинематографер, кој годинава е главна ѕвезда на фестивалот „Браќа Манаки“.

manaki-5

-Како секоја година и како секој фестивал, бев сега во Венеција пред почетокот на фестивалот, човек добива впечаток дека нема ништо да се направи. За еден ден го спаковаа целиот фестивал. Така и ние. Ден пред отварањето се мести сценографијата и техничкиот дел, а што се однесува до содржинскиот дел и до сместувањето на гостите се е подготвено и ипланирано. Нема никаков проблем ќе имаме едно солидно издание како што доликува на традицијата на Браќа Манаки во Битола, изјави Благоја Куновски директор на фестивалот „Браќа Манаки“

manaki-3

Вообичаено пред почетокот на фестивалот правиме анкета со нашите граѓани за да ги прашаме какво е нивното мислење за фестивалот Браќа Манаки. Верувале или не денеска сите што ги сретнавме беа наши сограѓани од дијаспората.

manaki-2

-Доаѓам од Канада, се надевам и сакам да ги гледам филмовите кои што годинава ќе ги понуди фестивалот Браќа Манаки, вели сограѓанка од Торонто

– Доаѓам од Австралија доколку ќе имам време ќе погледнам некој филм, вели сограѓанка од Австралија

manaki-6

Утре со почеток во 20 часот со македонската премиера на филмот „Ослободување на Скопје“ ќе стартува 37-то издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ Според официјалната фестивалска програма до 17 септември, кога фестивалот завршува, ќе бидат реализирани бројни настани на различни локации. Битола во наредните 7 дена ќе живее во духот на филмската магија.