ДЕНА компани за изработка на украсни лајсни, елементи од стиропор, компјутерско тонирање на бои

0
1982

Под мотото -Ние го градиме и обојуваме вашиот дом, во Битола постои компанијата Дена.

Специјализирана за изработка на сите видови на украсни лајсни и елементи од стиропор и стиродур како и компјутерско тонирање на бои, изработка на различни форми за украсување и декорирање како и изработка на три димензионални форми од стиропор.

Dena_Kompani_-_3.jpg

Во Дена компани, клиентите ќе пронајдат широк избор на завршни малтери за фасадно уредување за домот, станбени згради, приватни куќи.

Производите во оваа компанија се со сертификат за квалитет од европската унија.

ДЕНА компани нуди богат спектар на бои, лакови,производи за хидроизолација,термоизолација, лепила за плочки, малтери, декоративни малтери, градежна креда,поликолор.

Dena_Kompani_-_1.jpg

Покрај овој богат асортиман на производи, овде ќе најдете голем избор на пиштоли за силикони, четки, ваљаци, заштитни одела, држачи за шмиргла, ракавици, маски.

Дена компани се наоѓа на улица Климент Охридски број 8 наспроти битолскиот Завод и Музеј.