Денес и утре сончево

0
550

Денеска времето во целата земја ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од попладневните часови со северозападен ветер кој на север и вдолж Повардарието ќе се засилува. Попладне претежно во североисточните делови ќе има услови за нестабилност и краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВ индексот ќе биде 9.

Дневните температури ќе бидат во Скопје и Кавадарци 37 Целзиусови степени, Маврово 30, Охрид и Битола  35, Крива Паланка 33, Берово 31, Дојран 40…

И утре времето ќе биде сончево и топло со температури од 27 до 36 степени.

В сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи и дневни температури од 26 до 33 степени.

В недела ќе биде умерено облачно со локален дожд и температури од 22 до 31 степен.

Без коментари