Денес и утре уписи во средните училишта

0
853

Уште од рано изутрината деветоодделенците со документи в раце побрзаа да се запишат во некои од средните училишта. Министерството за образование го објави конкурсот за упис во средно училиште за 2016/17г и според истиот предвидени се 1200 слободни места на ниво на општина Битола , а завршени деветоодделенци има 932 .Бројот на предвидени слободни места е повеќе бидејќи во седумте средните училишта од градот се запишуваат и деветоодделенци од општините Демир Хисар, Ресен, Могила и Новаци како и останатите места од опкружувањето. Резултатите од денешниот и утрешниот упис ќе бидат соопштени во четврток на 30 ти јуни. Во склоп на првиот уписен рок , идните средношколци ќе можат да се запишат и на 4 јули, а резултатите ќе ги добијат на 6 јули. Доколку има ученици кои што имаат ист број на бодови ќе следи и квалификационо тестирање кое ќе се одржи на 1 јули а резултатите ќе ги добијат на 2 јули.

Доколку во првиот уписен рок сите заинтересирани деветоодделенци од било кои причини нема да можат да се запишат во некое од седумте средни училишта, ќе има и второ пријавување на 24 и 25 август.Според конкурсот на министерството за образование ќе има и продолжено запишување до 31 август, се разбира во она училиште во кое ќе останат слободни места по предвидените два уписни рока.