Денес ново рочиште за случајот “Диво Насеље”

0
475

Основниот суд Скопје 1 за денес го закажа продолжението на судскиот процес за терористичките напади во кумановската Дива Населба. Според најавите, денес пред судот обвинителите од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција кои го застапуваат обвинението, ќе треба да ги презентираат своите завршни зборови за случајот и да се изјаснат дали и какви казни бараат од судот за обвинетите.

Во овој судски процес на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација. Обвинетите ги бојкотираа последните неколку рочишта со образложение дека не го признаваат судот и барање во судница како сведоци да се појават неколку функционери од поранешната власт.

Во терористичките напади во Куманово на 9-ти и 10ти мај пред две години загинаа осуммина припадници на МВР, а ококу четириесетмина беа повредени.

Без коментари