Денес поради минирање во прекин патот Кичево-Охрид кај Пресека

0
211

Денес поради изведување работи на пат –минирање-на патот А2 Кичево-Охрид помеѓу планинскиот премин Пресека и село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15 – 20 минути, помеѓу 14 и 15 часот.

На 11 јули (сабота) поради изведување работи на пат-минирање-на патот А2 Кичево-Охрид кај Извор сообраќајот ќе биде во прекин во интервали од 15-20 минути, помеѓу 16 и17 часот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива, по наместа влажни коловози.