Денес променливо облачно со повремен локален дожд

0
289

Времето денес ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и ретки грмежи, особено на југот и на истокот од земјава, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува повремено засилен северен ветер, особено долж Повардарието. Минималните температури ќе се движат од 11 до 18 степени, а максималните од 23 до 30 степени.

Од УХМР, најавуваат дека од петок ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура.