Денешниот датум е иднината

0
1213

21 октомври 2015 година. Ви звучи ли овој датум познато? Ако сте верен обожавател на филмот „Враќање во иднината“, сигурно нестрпливо сте го чекале. Љубителите на серијалот денес го одбележуваат денот на враќањето на иднината, односно датумот на кој во вториот дел од трилогијата од 1989 година одат главните јунаци, Мекфлај и Док. Како тие ја предвидоа денешницата и што од тоа навистина имаме од она што го замислиле пред 26 години?

Ховерборд или летечки скејтборд. На некој начин веќе постои.

3Д филмови – нешто што ни е секојдневие.

Хидратор за храна – во машината ставаат малечка пица, а после неколку секунди имаат голема пица. И сега има нешто слично, иако не со истата функција.

Патики кои сами се врзуваат – Најк објави дека се во процес на нивно правење.

Видео повици. Не ни треба толку голем телевизор, го правиме тоа со телефоните.

Телефон во очила. Светот го има тоа, „Гугл гласес“.

Иако денес на улиците сè уште немаме можност да видиме летечки автомобили, голема е веројатноста дека ова наскоро ќе биде променето.