Денешните настани за роденденот на Битола

0
416

Вечерва во 18.00 часот во НУУБ „Свети Климент Охридски”, ќе се одржи концерт на пензионерската пејачка група „Сирма војвода”.

Во рамките на Европската недела на мали и средни претпријатија 2017, Младинскиот културен центар од Битола во соработка со Европската бизнис асоцијација организира „Конференција за европска недела на претприемништво”. Конференцијата ќе започне во 18 часот и 30 минути и претставува еден од двата настани (во Битола и Скопје) со кои Република Македонија се вклучува во активностите на Европската недела на мали и средни претпријатија 2017, кои се случуваат ширум Европа.

На конференцијата со свои излагања ќе учествуваат претставници на општина Битола, претставници од дипломатскиот кор и на Европската бизнис асоцијација, како и претставници на мали и средни претпријатија и иновативни бизниси.

Во 20:30 во кугларницата на Спортската сала „Младост” во организација на кугларскиот клуб „Хераклеа” ќе се одржи кугларски турнир „4 ти ноември”.

Програмата на општина Битола по повод 4 ноември – Денот на ослободувањето на градот, започна на 27 октомври со 25 издание на интернационалниот фестивал на аматерски документарен филм „Камера 300″, а предвидени се повеќе содржини кои се реализираат на 02.11, 03.11 и 04.11.