Денеска договор за избирачкиот список

0
213

Можно е веќе денеска да падне првиот договор на работната група составена од претставниците на политичките партии потписници на договорот од Пржино. Прашањето за тоа како да се прочисти избирачкиот список е речиси договорено, а утре продолжуваат преговорите за најжешката тема – специјалниот јавен обвинител.

Вчера претседателот на граѓанската организација МОСТ беше повикан на средбата на работната група за да го презентира предлогот за активна регистрација на гласачите.

„Бевме само повикани да ги презентираме нашите ставови околу активната регистрација. Нашата улога е консултативна. Кога завршивме со презентацијата, ја напуштивме средбата“, изјави Дарко Алексов, претседател на МОСТ.

Според неофицијлни инфомации партиите се согласиле на активна регистрација на гласачите, односно законски обврзана саморегстрација на секој полнолетен граѓанин со оставање на отпечаток од прст, по што би се затворил Избирачкиот список за договорените избори во април.

Денеска ќе има средба во 15 часот кога би требало да се затвори делот за избирачкиот список, ингеренциите на ДИК и гласањето на дијаспората.

 

www.mkd.mk