Денеска дожд, утре температури и под нулата

0
580

Времето денеска во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Пообилни врнежи ќе има во попладневните часови во северозападните и североисточните делови на земјата, а ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Во овие делови локално се очекува да наврнат над 25 л/м2. На повисоките места се очекува да падне снег.

Минималната температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 10 до 16 Целзиусови степени.

Утре ќе имаме променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Утринските температури на одредени места во земјата ќе се спуштат и под нулата.