Денеска е Велигден

0
884

Христијаните денескa го одбележуваат Велигден, или Воскресението на Исус Христос, празник што симболизира победа на животот над смртта.

Камбаните точно на полноќ го навестија Воскресението Христово Велигден. Веста за Христовото воскресение ја објавија свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква (МПЦ) во земјава и во светот, а денеска се одржуваат воскресенски литургии. Велигденска миса беше одржана во католичката црква Срце Исусово.

Христос воскресна, навистина воскоресна! Со овие зборови од вечерва по полноќ православните верници во земјава го честитаат најголемиот христијански празник, Христовото воскресение, Велигден.

Најголемиот христијански празник, Воскресението Христово, во Република Македонија најмасовно беше прославен во Скопје, во соборниот храм „Свети Климент Охридски“, каде со Воскресната литургија чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква, неговото блаженство архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание.

Јајцето е симбол на  обновување на природата и животот, а црвеното јајце значи радост и за оние кое го даваат и кои го добиваат.