Денеска ЕУ и САД ќе кажат дали ќе го легитимираат 24.април како датум за избори

0
348

ЕУ и САД денеска треба да ја објават проценката дали има услови за одржување на предвремените парламентарни избори на 24. април.

Пред два дена, одговарајќи на новинарско прашање, евроамбасадорот Аиво Орав изјави дека проценката на ситуација е во три области за подготовката за изборите и тоа прво ДИК и Избирачкиот список, во однос на персоналот на ДИК и ревизијата на Избирачкиот список, потоа медиумите – балансирано известување и договорот на четирите партии за медиумите, одвојувањето помеѓу државата и партиите, како и притисоци и закани.

– Од една страна 24. април е дел од договорот како ден за предвремени избори, но од друга страна има многу задоцнувања во имплементацијата на договорот од Пржино. Па така сите страни се во право, рече Орав.